(ВИДЕО) Како децата во Русија полуголи со игра снег го зајакнуваат имунитетот?

Хидротерапијата е една од најмоќните методи на лекување во природната медицинаа, а еве како тоа го практикуваат деца од Русија и Украина.

На температура од -14 степени, тие се полеваат со вода од 25 степени, но ова за нив не е казна туку игра.

- Кога се капам во снегот, никогаш не се разболувам- вели едно од момчињата

Прво децата седат во топла сауна, па излегуваат надвор.

- Прво добро се загреваме, па трчаме надвор на снегот- вели едно од девојчињата.

После тоа децата се облекуваат, седат на топло и пијат топол чај. Оваа вежба го зајакнува нивното здравје и имунитет.