(ВИДЕО) Мал инцидент на роденденот на кралицата Елизабета Втора

Добивај вести на Viber

Британската кралица Елизабета Втора го слави 92. роденден, а во поворката која ја сочинуваа неколку стотици воени лица имаше мал инцидент.

Военото лице Маршал Чарлс Гутрие (79) падна на глава додека јаваше на воената парада во Лондон. Се претпосатвува дека Чарлс се онесвестил, пред да се лизне од коњот.

Полицијата пријде да му помогне, укажана му е помош и итно е префрлен во болница.

Ова не е првпат воено лица да колабира на роденденот на кралицата, затоа што таква случка имаше и во 2016 година.