(ВИДЕО) НЕОБИЧНА ПРИКАЗНА: Разочаран од луѓе, човекот сака да се врати во планина

Добивај вести на Viber

Маркос Родригез Пантоја од Шпанија живеел 12 години на планина меѓу волци. 

Пред 19 години него успеала да го пронајде Цивилната гарда и да го врати во цивилизација.

Сепак, дури и сега, кога има 72 години, Пантоја вели дека никогаш сосема не се прилагодил на животот со луѓе. 

Роден е во Кордоба во 1946. година. Ја изгубил својата мајка на само три години, а кратко потоа го напуштил и неговиот татко, кој заминал да живее со друга жена во соседен град.

Татко му го продал на еден фармер кој живеел во планината Сиера Морена. Фармерот набрзо починал, па Маркос, како што вели, се повлекол во дивината. Смета дека тогаш имал околу шест или седум години.

Тој се грижел за 300 овци. Се сеќава дека стариот овчар го научил да запали оган и да користи разни алати, но во 1954. година, кога Маркос уште не наполнил ни 8 години, овчарот умрел. 

Маркос 12 години подоцна бил пронајден од Цивилната гарда, а тој веќе заборавил да зборува и зборовите ги заменил со животински гласови.

Вратен е во цивилизацијата, но никогаш не се прилагодил на животот меѓу луѓе. Во еден момент се обидел да се врати во шума, но, како што вели, "повеќе не бил истиот, па волците повеќе не го гледале како дел од нив.

Маркос денес има 72 години и живее во малото село Рантем, сместено во областа Оренсе во Галиција. И покрај тоа што повеќе од 50 години живее со луѓе, често признава дека последните сеќавања на среќен живот му се врзани со волците - од женката која прв пат му покажала мајчинска љубов и нејзините младенчиња кои го прифатиле како брат. Го учеле како да преживее во дивината, му ги покажале бобинките кои се безбедни за јадење, но и оние кои се отровни.

Маркос вели дека  се чувствува измамено и злоупотребено од луѓето, и дека работодавците од градежната и угостителската индустрија го експлоатираат.

Маркос е еден од ретките забележани случаи на луѓе кои се одгледани од животни, далеку од цивилизацијата. Бил предмет на разни истражувања, книги и документарци.