(ВИДЕО) Нова атракција за туристи на Малдивите
До крајот на годината на островот Рангали ќе биде отворена првата подводна вила во светот. Резиденцијата ќе се вика „Мурака“, што на локалниот јазик значи корал. Објектот е дизајниран целосно да се вклопи во подводни услови, овозможувајќи им на гостите да бидат дел од подводниот свет.
„Водени од целта да обезбедиме неповторливо искуство за туристите, со првата подводна резиденција ќе им овозможиме на гостите можност да ги истражуваат Малдивите од една сосема поинаква перспектива, под површината на морето“- изјави главниот архитект и дизајнер на „Мурака“, Ахмед Салим.
Престојот во пловечки бунгалови бил најпосакуваниот избор на туристите кои лани ги посетиле Малдивите. Сепак, ова туристичко место ќе добие нова атракција.
Вилата може да прими вкупно девет гости.
Taa се состои од две нивоа, една над површината на морето и една под површината. Во подводното ниво има спална соба, дневна соба, бања, како и спирални скалила кои водат до просториите на повисокото ниво. Таму, пак, има двокреветни спални соби, бања, просторија за фитнес, заедничка дневна соба, кујна, бар, трпезарија и палуба од која може да се гледа атрактивното зајдисонце.