(ВИДЕО) Новото име е нова среќа за Македонија на „Евросонг“: Како фановите од светот ја коментираат Тамара

Добивај вести на Viber

Оригинални реакции објавуваат евровизиските фанови за песната „Proud“ со која Тамара Тодевска ќе не претставува на „Евросонг“ во Тел Авив на второто полуфинале на 16 мај. На јутјуб каналот на Wiwibloggs, Вилијам и Дебан од Америка се воодушевени од песната и универзалната порака која ја носи.

„ Неверојатно музички силно. Тој глас е сѐ“, вели Вилијам. „Македонија од секогаш имала супер песни, супер пејачи, но ужасен сценски настап. Овде не е потребен никаков сценски настап. Нејзиното лице, гласот и песната, тоа е сѐ. Песната е како да умрев и повторно да се родив“, додава тој.

Вилијам и Дебан 

„Ооо, еве ја Тијана“, ја препозна другиот евровизиски фан, Дебан, сестрата на Тамара, Тијана Дапчевиќ која е дел од спотот. Во текот на коментирањето, двајцата се расправаат дали треба да се гледа спотот или е доволно само да се замижи и да почувствува песната. На крајот, двајцата воодушевени го завршуваат видеото.

„Биди силна, биди гласна и не дозволувај луѓето да те скршат“ се дел од коментарите на уште еден евровизиски фан, транвеститот Макси Рејнбоу од САД која исто така ја препознава Тијана, како наш евровизиски претставник од 2014 година. 

Макси Рејнбоу 

„Тоа што Македонија оваа година има ново име, Северна Македонија е нова среќа за нив на „Евровизија“. Тоа е толку возбудливо“, коментира Макси и додава дека е воодушевен и од песната „Dance Alone“ на Јана Буречска, како и ланската „Lost And Found“ на Ај кју. За Тамара, вели дека спотот е моќен зашто има многу различни жени во него. (М.Џ.)