Видео од деца во градинка во Данска, поради кое мајките во Македонија ќе се фрапираат бидејќи не можат да веруваат што им дозволиле: Експертите тврдат дека ова е здраво

Добивај вести на Viber

Често зборуваме за скандинавските навики и начини на воспитување деца. Ги забележуваме разликите и гледаме што е тоа што ги прави најсреќните луѓе на светот и покрај лошите временски услови и суровите предели за живеење. Ни се чини дека знаеме сè, но не ги применуваме.

Во склад со тоа, се појави видео на кое се гледа како децата го поминуваат времето во градинка.

Она што родителите во Данска го сметаат за здраво и квалитетно време надвор, величајќи ја врската со природата, би ја шокирало секоја просечна мајка на Балканот. Особено кога вака ќе се врати вашето дете од градинка!

- Ова е од градинка во Данска. Ми се допаѓа! Играњето и скокањето во кал е повеќе од забава – тоа е од суштинско значење за сетилниот развој на децата. Кога децата се валкаат со кал, тие ги вклучуваат сите сетила: допир, вид, мирис, па дури и звук. Од мекото чувство меѓу нивните прсти до земјениот мирис што го исполнува воздухот, играта со кал нуди богато сетилно искуство што не може да се повтори во затворен простор. Оставете ги да го прегрнат нередот и да се нурнат во радоста на калливата игра - нивните сетила ќе им се заблагодарат за тоа, се вели во описот на видеото.

Факт е дека тоа е повеќе од забавно за децата, а очигледно и корисно.

А какво е вашето мислење за ваквиот пристап кон играта и образованието?

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs