(ВИДЕО) „ОГНЕНА“ ВЕНЧАВКА ВО ДУБРОВНИК: Што направиле гостите?

Нешто несекојдневно се случи на свадба во Хрватска. 

Венчавка вчера ги вознемири граѓаните во Дубровник. 

Сватовите застанале на една улица и палеле гуми, а потоа почнале да палат и ракети.

Противпожарната единица на Дубровник добила повици од граѓани кои стравувале од пожар кога виделе огромен чад на својата улица, и излегле на терен.
Сепак, според тамошните медиуми,  немало потреба за интервенција, а сватовите набргу потоа го напуштиле тоа подрачје.