(ВИДЕО) ОВДЕ ЌЕ ЖИВЕАТ АНА И БАСТИЈАН СО СИНОТ: За луксузен пентхаус од 230 квадрати плаќаат 30 000 евра месечно
Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, прославениот фудбалер Бастијан Швајнштајгер станаа родители на синот Лука. По излегување од породувалиште, мајката и бебето ќе му се придружат на тато во раскошниот пентхаус со поглед на езерто.
Тие за изнајмување на стан плаќаат 30 000 евра месечно. Живеат во 230 квадрати во Чикаго кои се наоѓа во хотелот „Владорф Асторија“ со поглед на езерото Мичиген.
Србинката и Германецот станот моментално го изнајмуваат а кога би сакале да го купат би морале да издвојат скоро 10 милиони евра, пренесуваат светските медиуми.
Ана имала еден услов при изнајмување на станот. Таа сакала нивниот пентхаус да има балкон, а е опремен со најнова и најскапа техника.
Апартманот е сочинет од дневна и семејна соба, трпезарија, додека купатилото е направено со најмодерни стандарди, со две лабавоа, две туш кабини, а во станот се наоѓаат уште четири купатила.
Иако пентхаусот се изнајмува целосно опремен, Ана и Бастијан одлучиле да внесат свој мебел од Англија бидејќи им е омилен стил, како што откриваат светските медиуми лежерната елеганција.
Неколку месеци пред раѓањето на синот, Ана и Бастијан ја опремиле детската соба.