Животна училница // Приказни
(ФОТО) Швајнштајгер ги разнежи обожавателите: Ана му роди син а гордиот татко со прва фотка од наследникот
- 19 Март, 2018
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер добија син ноќта помеѓу саботата и неделата .
Тие одлучија на првото дете да му го дадат името Лука.
Гордиот татко објави на својот Инстаграм профил фотографија на која може да се видат стапалата на малиот наследник.
„Добредојде на свет нашо мало момче. Многу сме среќни“, напишал Швајштајгер.
И Ана се огласи првиот ден по породувањето. Таа покажа како изгледаат подароците кои ги добил нејзинот син Лука.