ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Празен, но вреден подарок кој ѝ го промени животот на ова девојче без родители
Пеги Зезулка минатата година на нејзиниот профил на „Фејсбук“ објави видео кое дефинитивно ќе ви го разубави денот. Она што е најважно е пораката.
Девојче отвора роденденскиот подарок на нејзините родители од згрижувачко семејство во кој пишува: „Ќе бидам посвоена". Емоциите го совладаа трочленото семејство, но и сите луѓе низ светот.
- Ова е денот кога на нашата ќерка ѝ кажавме дека ќе биде посвоена. Таа се молеше да биде посвоена, како и нејзините брат и сестра и за добрата вест дознавме токму на нејзиниот роденден. Никој не можеше да добие подобар подарок. На децата им е тешко да одат од едно во друго згрижувачко семејство. Посвојувањето е неверојатна работа и сакаме целиот свет да знае дека посвојувањето на постари деца е најубавата авантура што би ја посакале - изјави Пеги за „Метро“.
Видеото кое ќе ве разнежни, ако досега не сте го погледнале, го имате ТУКА.