(ВИДЕО) Пронашол слика вредна 4 милиони долари - што направил со неа?
Американецот Роберт Ворен ја пребарувал просторијата под сцената во театарот при што случајно пронашол стара слика. Се работи за слика работена во техника масло на панел, но вредна 4 милиони долари иако тој не знаел.
"Не мислев дека е вредна, ниту знам зошто е чувана во орманот"- изјави Ворен, извршен директор на уметничкиот комплекс „Хојт Шерман Плејс” во Де Мојн, Ајова.
Тој пронашол налепница на задната страна, слична на оние што се користат на аукција. Почнал да истражува, а долгото истражување го довело до вистината. Се работи за слика од 16 век, наречена Аполо и Венера, која е дело на холандскиот сликар Ото Вениус и е вредна повеќе од 4 милиони долари.
Сликата е позајмена на музејот од некој извесен господин Колинс, кој подоцна во 1900-те ја земал сликата со себе, кога се преселил во Де Мојн со својата фамилија.
Неговата внука, ја донирала сликата, заедно со уште четири слики на женскиот клуб, кој ја основал галерија. За реставрација на сликата е потребно година дена. Ворен тврди дека на аукција ќе достигне цена до 11 милиони долари, иако засега не планира да ја продаде.