(ВИДЕО) Се шушкаше дека се разведуваат: Бали Бег и Неџла уживаат со синчето

Добивај вести на Viber

Омилената турска актерска двојка Бурак Озчивит (Бали Бег) и Фахрије Евчен веќе некое време се мета на озборувања, а постојани се шпекулациите за нивниот развод. Сепак, судејќи според нивните социјални мрежи, двајцата се посреќни од кога било.

Бурак Озчивит и Фахрије Евген во април минатата година го добија синот Каран, а како што пишуваат турските медиуми, тој е причината за раскинувањето на нивниот брак. Популарниот пар има несогласувања кога станува збор за одгледување на нивниот син.

Тие продолжија да објавуваат фотографии на своите социјални мрежи, на кои изгледаат среќни, задоволни и заљубени. Извор близок до парот им открил на медиумите дека ги решиле несогласувањата и решиле да се обидат повторно.

- Тие сакаат да си дадат уште една шанса, и ако не успеат, секој ќе тргне по својот пат - рече изворот.

Сега, локалните медиуми шират добра вест - Бурак Озчивит и Фахрије Евген повторно ќе станат родители! Според турските медиуми, актерката штотуку влегла во четвртиот месец, а популарниот Бали Бег бил воодушевен од среќната вест.


Бурак веќе неколку пати во медиумите изјави дека би сакал да има повеќе од едно дете, а особено би бил среќен ако има ќерка.

- Тој навистина сака да добие девојче кое ќе му биде мала принцеза. Но, секако, најважно за него е бебето да е здраво и да е сè во ред - вели изворот.

Сепак, двојката сè уште не ја коментирала оваа добра вест. Бидејќи приказните за разводот ги демантираат само нивните фотографии, останува само внимателно да ги следиме нивните „Инстаграм“ профили и да чекаме официјална потврда на среќната вест.


Фото и Видео: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) 9 најзгодни турски актери: Сите полудеа по нив

Нејзиното богато семејство не го прифати: Пред Фахрије, Бали бег лудо ја сакаше оваа позната водителка