(ВИДЕО) Се верија пред еден месец, сега ќе имаат бебе: Луна Џогани ќе стане мајка

Луна Џогани и Марко Миљковиќ, откако пред повеќе од месец се верија, сега со видео на „Youtube“ објавија дека го очекуваат своето прво дете.

Имено пејачката ја намести камерата да снима, и го натера партнерот да стане за да му ги соопшти среќните вести.

- Што си смислила? - ѝ вели Марко, додека таа му го подава тестот за бременост, за кој тој прашува што тоа значи.

- Бремена сум, дали можеш да веруваш дека ќе имаме бебе? Ако една цртичка е бордо значи дека не сум, но бидејќи се две, значи дека сум бремена- возбудено му објасни Луна.