,

(ВИДЕО) Симпатично, а тажно: Девојче родено во 2020 година мисли дека сè околу неа е за дезинфекција на раце

Добивај вести на Viber

Сигурно ќе се насмевнете, но можеби малку и ќе се натажите ...

Звучи скоро неверојатно дека апаратите со средства за дезинфекција на рацете пред само една година можеа претежно да се видат во здравствените установи.

Сепак, нашата т.н. „нова нормалност“ значи дека средствата за дезинфекција се скоро на секој чекор, дури и во продавниците и автобусите, а повеќето од нас веќе несвесно ги користиме многу често.

Како децата кои го запознаа светот околу нив од 2020 и 2021 година го доживуваат сето тоа? За нив, тоа е единствената нормалност!

Извесна Кејти Лајтфаут е мајка на едногодишно девојче кое расте за време на пандемија и верува дека сè што изгледа како средство за дезинфекција е токму тоа, а Лајтфут ги сними авантурите на нејзината ќерка и ги сподели на социјалните мрежи. 

Ова видео брзо се прошири и стана вирално, а јавноста беше поделена: додека некои многу се забавуваат гледајќи ја оваа девојка која се грижи за хигиената, има многу кои сметаат дека е тажно што децата растат во вакво време, не можејќи да се опуштат и безгрижно да си играат.



извор:GLOSSY