(ВИДЕО) СКРИЕНО БОГАТСТВО: Ова се островите на Џејмс Бонд

Добивај вести на Viber

Во заливот Фанг Нга во Тајланд се наоѓа островот Као Пинг Кан, и 20 метри високо островче Ко Тапу, кои заедно се нарекуваат островите на Џејмс Бонд.

Ова име го добиле после 1974 година, кога на нив беше снимен филмот „Човек со златен пиштол“, од серијалот за популарниот агент 007.

Островот Ко Тапу се појавува и во 18 продолжение на филмовите за Џејмс Бонд.

Островите од 1981 година се во состав на Националниот парк Ао Фанг Нга, а до тогаш беа скоро непознати.

Популарноста на франшизата за Џејмс Бонд, доведе бројни туристи на ова место, кои оставаат огромни количини на ѓубре и со тоа ја загадуваат околината.

Во желба да се зачува природата и карпите да се спасат од ерозија, од 1998 година е забранет пристапот до островот Ко Тапу.