(ВИДЕО) СЛАТКАРИСТИКА ЈА ОСВОЈУВА БУГАРИЈА, НОВА СОРАБОТКА СО БУГАРСКАТА МЕГА ЅВЕЗДА - ГРАФА

Добивај вести на Viber

Најактуелниот македонски Хип Хоп артист кој продолжува агресивно да го освојува бугарскиот музички пазар, вчера попладне го објави новиот проект на социјалните мрежи. Нова песна и видео запис со наслов „Квартални Џентлмени“ проект изработен заедно со бугарската мега ѕвезда – Графа, познат на македонската јавност по балканскиот хит „Дим да ме њама“.

Музиката и аранжманот се потпишани од Графа, како автори на текстот се потпишуваат Стефан Валдобрев и Слаткаристика. „Квартални џентлмени“ е со свеж rock’n’roll и boogie звук, и мелодичен хип хоп ритам со авторско римување на Слаткаристика. Овој високо буџетен видео запис е авторско дело на познатиот режисер Валери Милев. „Квартални Џентлмени“ е проект кој изобилува со многу саркастични сцени, самоиронија и хумористичен текст.

Во продолжение погледнете го новиот проект на Графа заедно со Слаткаристикa