(ВИДЕО) СМЕНА НА ДОЛГОВЕЧНИТЕ: Почина најстарата жена на светот-ја замени исто така Јапонка!
Најстарата личност на светот, 117 годишната Јапонка Наби Таџима, починала синоќа во болница во градот Кикаи на југот од Јапонија, каде лежела од јануари.
Таџима е родена на 4 авгсут 1990та и последната личност за која се знае дека е родена во 19 век.
Официјално стана најстара личност на светот пред седум месеци, после смртта на Вајолет Браун од Јамајка, која исто така починала на 117 години. Таџима одгледала седум синови и две ќерки и има повеќе од 160 потомци.
Титулата најстара на светот сега ја понесе повторно Јапонка, Чијо Мијако.
Мијако живее јужно од Токио во перфектурата Канагава и треба да наполни 117 години за 10 дена.
Nabi Tajima's death at 117 means every human born in the 19th century has now passed away https://t.co/omwYR3kjS4 pic.twitter.com/hWxo7uJRir
— TRT World Now (@TRTWorldNow) April 22, 2018