Видео старо 30 години го шокираше светот: Еве како малиот Лука Модриќ го води добитокот додека околу него шетаат гладни волци (ВИДЕО)

Снимајќи волци во планините Велебит,  Павле Баленовиќ, поранешен член на легендарниот хрватски бенд Blue Grass of Oblivion, не ни сонувал дека во видеото ќе го сними еден од најдобрите фудбалери Лука Модриќ како го чува своето стадо на петгодишна возраст, не плашејки се од дивите ѕверови околу него.

Павле Баленовиќ, поранешен музичар и филмски каскадер, го посветил својот живот на проучувањето на Велебит и неговиот животински свет, пред се волците кои во голем број ја населуваат таа планина.

Талкајќи по пространствата на Велебит, Беленовиќ бил придружуван од волк кој го посвоил додека бил уште мал од фармер во Чарач. Сфаќајќи дека волкот нема да може да преживее во Загреб, решил да го пушти во пространствата на Велебит.

Авторот на социјалните мрежи објави неверојатно видео од малиот Модриќ, како бестрашно го води стадото во трло пред да дојде невремето и под закана на страшни волци. Тој детал можете да го видите во видеото на 2:30 минути.

Интересно е што токму овој филм најпрво и бил понуден на Хрватската телевизија, но тие го одбиле. Откако беше купен од Би-Би-Си, а по нив од 44.000 телевизиски станици низ светот, ХРТ реши да ја промени својата одлука.

За време на неговото талкање на Велебит, Баленовиќ се спријателил со Стипо Модриќ, таткото на Лука, кого го снимил во 1990 година кога имал само пет години

Фото:youtube/screenshot