(ВИДЕО) Страшна олуја: Мајка бега со бебе во раце од распаднатиот хотел на Халкидики

Силно невреме го погоди грчкиот полуостров Халкидики. Олујата пустошела се пред себе, па шест туристи од кои две деца ги изгубија своите животи, додека повеќе од 100 луѓе се повредени. Најверојатно станува збор за две постари лица од Чешка, жена и осмогодишно дете од Романија, маж и дете од Русија.

Има и големи материјални штети од невремето кое траело само 20-тина минути.

За олујата која се тврди дека е една од најголемите во изминатите неколку децении, сведочат фотографии и видеа, каде ветерот носи дрвја, покриви, во морето се гледаат лежалки и чадори од таверните на плажа. 

Исплашените луѓе, меѓу кои и мајка со бебе во рацете бегаат од распаднатите хотели во кои престојувале.

Во Неа Потидеа имало дури и мал ураган.Оваа бура ги затекна туристите во Неоа Мармарас, Пефкохори, Неа Пори, Неа Каликратијаа, Никити, Калитеа...

Фото: Bojan Kićanović

МНР изјави дека засега нема македонски државјани во настраданите.

Повеќе видеа од невремето имате ТУКА.


Извор: telegraf.rs