(Видео) Тамара го откри полот на новиот член во семејството

Добивај вести на Viber

Македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска е бремена по вторпат. Популарната пејачка пред еден месец ја потврди убавата вест за „Женски Магазин“. 

Таа тогаш изјави:

-Кога дознавме за бременоста се израдувавме, затоа што и двајцата сметаме дека ова е нешто што само ќе ја надополни нашата среќа. Не мислам дека Хана ќе изгуби од нашето внимание и дека е прерано да се има второ дете. Вака ќе биде весело и многу, многу гласно.

Овој пат Тамара на својот профил на Инстаграм го откри полот на новиот член во семејството. Заедно со фамилијата во Гевгелија, таа и Мачка дознаа дека Хана ќе има братче.

Нивната среќа беше огромна.


So GINEKALIKS i prikaznata prodolzuva...Blagodarenie na NIFTY-testot ja dobiv najubavata vest, polot i genetskata karta na moeto najmilo.NIFTY test - cuvar na zdravjeto na moite najmili. Vi go preporacuvam toplo. #itsaboy :)