(ВИДЕО) Тамара влезе во финалето на „Евросонг“: Да се гордееме со себеси

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска влезе во финалето на „Евросонг“ и обебеди уште еден настап со песната Proud во сабота. Со ова, нашата земја по цели седум години пауза успеа да обезбеди влез во финалето на „Евросонг“.

„ Супер сме сите, пресреќна сум. Ви благодарам што верувавте во мене. „Proud“ е песна за сите нас. Ова е резултат на тимската работа. Да се гордееме со себе и со луѓето околу нас. Фала ви на поддршката. Ве сакам. Ќе ве направам горди и во сабота“, ни изјави Тамара од Тел Авив.  

Останатите девет земји кои влегоа во финалето се: Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија, Малта. 

Погледнете го настапот на Тамара: