ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Кулинарско шоу на тригодишно девојче (ВИДЕО)
Во повеќето земји на светот на тригодишните деца се гледа како на бебе, често пораснуваат „Под стаклено ѕвоно“ без прилика да се извалкаат и паднат, а небаре нешто да зготват!
Во некои краеви во светот, можеби послабо развиени, децата како ова неодоливо девојче, кое ќе го видите во видеото, на три години веќе прават ручек. И тоа, како во овој случај, не затоа што мораат, туку затоа што тоа го сакаат и во тоа уживаат.
Им помага секако и мајка им, како и останатите жени во тоа афричко село, односно си помагаат едни од други, бидејќи тоа зa нив е сосема нормално. А ова преслатко девојче дури има и свое мини шоу. Снимките на кои таа чисти риба, готви чорба, ги одделува состојките, па дури и ги става во садот за готвење и им става на браќата да јадат ги прегледаа неколку милиони луѓе.
Децата се онолку способни колку што родителите ќе ги пуштат и научат да бидат способни, па затоа дури и ваквите необични сцени не би требало да не чудат.