На интернет се прошири урнебесно видео од едно „запросување“.
Девојка по име Савана Ајас од американската сојузна држава Тексас во нејзиниот дом ја запросило нејзиното момче, и тоа пред очите на целото семејство. Додека браќата возбудено врескале, мајката се снимала, а таткото буквално занемел.
Само во неверување гледал што се случува. Иако неговата сопруга барала да коментира, тој не сакал да каже ништо.
На крајот девојката викна „први април“, а на таткото му се смени реакцијата.
Видеото на Твитер го објави девојката со порака дека „успешно го насамарила својот татко“, а снимката е прегледана повеќе од 5,5 милиони пати.
i’d say we successfully fooled my dad