Викенд хороскоп: Животна промена од корен за еден знак

Добивај вести на Viber

Овен

Иако постојано имате желба да им се допаднете на сите, овој викенд ќе имате конфликти кои ќе ве погодат. Ќе дојдете до непријатни откритија, но така е подобро за вас, бидејќи конечно ќе знаете на што сте.

Бик

Време е да се помирите со неудобната ситуација која веќе долго ве мачи. Ви се чини дека се во животот ви е надвор од контрола, но смирете се овие денови и соберете сила. Наскоро работите ќе се стабилизираат.

Близнаци

Близнаците се подготвуваат да воведат некои промени во својот живот. Време е да зачекорите во нова фаза и ќе морате да затворите една врата за да отворите нова. Ќе бидете уплашени, но нема причина за грижа, одлично ќе се снајдете.

Рак

Викендот ќе ви биде како ролеркостер. За момент ќе бидете горе, а веќе следниот доле. Запаметете, ништо не трае вечно, па ќе поминат и тие фази на нерасположение.

Лав

Овој викенд ќе бидете вистински ѕверки. Ќе ја привлекувате околината со својот шарм и безстрашност, па не е исклучено да ви подготвува некоја авантура која потполно ќе ви го промени погледот кон светот.

Девица

Овој викенд ќе имате многу сомнежи во себе. Изгледа дека ништо не ви оди од рака. Потсетете се дека може да постигнете се што ќе сакате, дури кога ви се чини дека ништо не ви оди.

Вага

Ќе сјаете од самодоверба овие денови, толку што на многу луѓе ќе им бидете инспирација. Мрачното расположение е позади вас и подготвени сте да пуштите нови луѓе во својот живот.

Шкорпија

Во недела ќе се најдете очи во очи со самите себе. Ќе си поставувате прашања на кои немате одговор, иако во прва рака ќе бидете уплашени, ова искуство ќе се зацврсти.

Стрелец

Овој викенд, но и следниот нареден период, се ќе ви оди како подмачкано. Само продолжете да бидете љубезни, пријатни и услужливи и добрите работи сами ќе се ви доаѓаат.

Јарец 

Овие денови ќе донесете мудри одлики и потези, позрели отколку што некој би очекувал од вас. Овој викенд ве чека нов предизвик, но се ќе се реши во ваша корист. Прекрасен викенд е пред вас.

Водолија

Овој викенд посветете се на семејството и пријателите. Тоа ќе ви ја врати насмевката на лицето која веќе долго време ви недостасува.

Риби

Овој викенд ќе бидете навистина зафатени, но ќе се изненадите и самите себе зошто на сите обврски ќе им дојде крајот. Наградете се за тој труд.