Викенд хороскоп: ПАРИ и ЗДРАВЈЕ, но не кај сите знаци

Добивај вести на Viber

ОВЕН

Во текот наовој период, признанијата, наградите, моќта и престижот, па дури и имотот ќе се зголемат и тоа значително. Времето е дарежливо кон вас, а вие знаете дека го заслуживте тоа. Вашата визија има практична примена во овој момент, а вие сакате да видите резултати веднаш. Во текот на престојниот период можен е зачестен контакт со авторитетни фигури во вашиот живот. Без разлика дали ќе побарате или не, многу е веројатно дека ќе добиете признание за работата и трудот што сте го вложиле. Направете го она што вие сметате дека е правилно, но имајте на ум дека во текот на наредните недели вие сте најизложени и најранливи. На работното место ќе бидете социјално ориентирани, а успехот може да дојде преку одличните менаџерски способности што ги поседувате, од уметнички талент или пак индиректно преку брачниот партнер. 

БИК

Вашиот дом или можеби канцеларијата треба да помине низ процес на реновирање. Вие сте личност што сакате услови за живеење и работа кои ги задоволуваат вашите строги критериуми во секој поглед: физички, технички и во поглед на атмосферата. Ќе го издржите периодот на непријатности за да го добиете она што го посакувате. Имате желба да ги побарате своите корени и да видите од каде потекнувате, да се вратите во времето и да ја истражите семејната историја. Во овој период мора да направите сѐ што е во ваша моќ да ја зголемите довербата во семејството и да поставите темели за негово понатамошно проширување. Без разлика што ќе се случи во светот, вие секогаш сакате да имате безбедно место каде што ќе можете да се вратите. 

БЛИЦНАЦИ

Повторно ќе мора да се фокусирате на финансиските прашања иако можно е сѐ уште да ве мачат одредени здравствени проблеми. Нештата што ви висат над глава најпосле ќе се придвижат кон крајот, што е добро, бидејќи време е да се ослободите од психолошкото „ѓубре“ што ви тежи и лошите навики кои можеби ви го нарушуваат здравјето без воопшто да сте свесни за тоа. Имате зголемена желба да ги истражувате тајните на животот. Но, во исто време,периодот е интроспектен период за вас, па така, ќе имате шанса да ги откриете најдлабоките лични таленти и предности. Можно е да се чувствувате како да ве влече некоја непозната сила, бидејќи дојдено е време за големи, можеби и радикални или драстични промени во материјалното и емоционалното живеење. Потезите кои ќе ги повлечете може да имаат последици во текот на целата година, ако не и подолго. Бидете претпазливи! 

РАК

Врските со странски партнери, размената и трговијата ќе бидат на преден план. Ќе патувате често и можно е да се создаде шанса да сретнете личност што ги споделува вашите погледи, идеали и идеи. Ова ќе биде период на вистинска духовност, интелектуален и морален раст – еден вистински космички подарок за вас. Претходниот месец имаше бројни подеми и падови со кои требаше да се справите. Овој период ќе ве натера да се преориентирате кон трајните вредности, кои ќе резултираат со идеализам. Ќе сакате да искусите задоволство и ќе го прифатите тоа задоволство, без разлика од каде доаѓа. Кога станува збор за љубовта пак, имате тенденција да бидете отворени и либерални и ги прифаќате нештата многу полесно од другите, па затоа имате и поголеми шанси да сретнете некоја специјална личност. Сепак, бидете внимателни.

ЛАВ

Периодов ќе ве натера полека да ги проширите хоризонтите, во секој аспект од живеењето. Сѐ уште ќе нудите топлина и пријателство, како и соработка на работното место. Сите трендови кои започнаа во текот на минатиот месец, сега добиваат на сила и се фокусираат во правилната насока. Во текот овој период ќе бидете ориентирани кон остварување на зацртаните цели. Вистинско време е за преиспитување и истражување на вашите цели. Размислете дали можеби преголем дел од вашата енергија се канализира во приватниот живот и попречува други сегменти од вашето живеење. Потсвесното размислување многу лесно може да го манипулира начинот на кој се однесувате. Можно е да искусите несоница, особено ако не си дозволувате опоравување од одредена болка и не дозволувате инстинктите да ве водат. 

ДЕВИЦА

Претстојниот период е многу разигран за личностите родени во овој знак, особено кога ќе се инспирираат на креативен и емоционален план. По периодот на себезаштитување, полека станувате спонтани и имате желба за преземање ризици. Доаѓа една богата и плодна фаза во вашиот живот што секако ќе ве направи посреќни, а вие ќе уживате во секој момент. Но, не летајте премногу високо или премногу далеку – избрзувањето, непресметаниот ризик, претераната самодоверба и сл., можат само да предизвикаат проблеми. Ви претстои одредена опасност која се должи на ризичното однесување. Затоа, обидете се да го скротите својот немирен дух во текот на овој месец. Избрзувањето во романтичната сфера може да доведе до кршење на срцето. Одете чекор по чекор ако сакате да ги ожнеете плодовите.

ВАГА

Можеби правите промени во работното место или професијата, во односите со колегите или пак во исхраната и грижата за здравјето. Се соочувате со зголемен ментален стрес или пак финансиски потешкотии, кои се однесуваат на заостанати долгови, плати, придонеси и сл. Желбата за помош на луѓето околку вас дебело ќе ви се исплати. Не очекувајте само благодарност, туку направете го тоа што треба да се направи. Оваа фаза претставува одлична можност да се ослободите од нештата што не функционираат во вашиот живот, но и да откриете што функционира. Можете да барате одликување и да се стремите кон совршенство на работното место. Ефикасноста е вашата нова цел. Можно е започнете да го критикувате партнерот или вашата врска, доволно за да ја антагонизирате состојбата и да предизвикате проблеми. Обидете се да ги прифатите разликите, во име на хармонијата во домот.

ШКОРПИЈА

Мора да научите како да се однесувате со другите луѓе, особено кога станува збор за интимните и лични прашања, размената на идеи, личните верувања и емоциите. Семејните врски полека стануваат посилни и вам тоа ви се допаѓа. Но, не смеете да ги запоставите важните работни контакти и комуникацијата со соработниците, започнатите или престојните проекти, планови или активности. Не смее да постои каква било невнимателност, доколку сакате да ги достигнете целите што ги имате зацртано. Многу сте пољубопитни и повнимателни од обично и можно е да станете уште позафатени со ситни, секојдневни задачи, документација, телефонски повици и полесна социјализација. Дури и ако сето тоа не ви се допаѓа, мора да истраете затоа што професионалниот развој зависи од вашата трпеливост.

СТРЕЛЕЦ

Можеби е крајно време детално да ја прегледате својата личност и да направите реална проценка на лицето, телото, здравјето, имотот и сите други нешта што ве сочинуваат. Мора да ги најдете сите сегменти од живеењето каде што има простор за подобрување и да ги направите неопходните корекции. Мора да воспоставите добри односи со колегите, потчинетите и надредените. Ова воопшто не е време за предизвикување на системот. Мора да внимавате да не направите грешка поради стресот и невниманието. Ќе ви биде тешко да се воздржите од вашите желби. Постои одредена желба кај вас, не само да ги смените околностите во животот, туку практично да создадете нов имиџ за себе. Тој имиџ покажува како сакате да изгледате, во смисла на физички изглед, однесување, здравје, размислување и сл. Луѓето околу вас сметаат дека сте кооперативни. Задржете го овој аспект од личноста непроменет.

ЈАРЕЦ

Во текот на наредниот период ќе станете свесни за сопствените ограничувања. Тоа ќе ви создаде чувство на ограничување и заробеност. Можно е да дојде до појава на одредено ривалство, негативни чувства кои можат да предизвикаат многу пострашни реакции. Ова не е преиод во кој можете да си дозволите да претерувате, ниту пак да избувнувате. Не барајте проблеми каде што не постојат и не им посветувајте многу внимание на злонамерните обиди од вашите ривали. Во текот следниот период мора да направите обид за подобрување на односите со луѓето во вашето опкружување, како на личен, така и на професионален план. Ваквите промени може да се покажат како многу корисни на долг рок, особено на материјален план. Затоа, вложете ги сите сили да го скротите својот темперамент тогаш кога е најпотребно.

ВОДОЛИЈА

Следи период кога вистински ќе мора да застанете зад своите зборови и да ги поткрепите сите верувања и убедувања. Ќе имате многу работа ако се стремите кон правење повеќе пари. Финансиските прашања стануваат сѐ поважни или во најмала рака вие се фокусирате на нив во текот на следниот период, бдијќи ве притискаат од повеќе страни. Се обидувате да се справите со прашањата поврзани со имотот, сопственоста, заостанатите долгови итн. Но, не се обидувајте набрзина да направите пари, бидејќи тоа ќе ви донесе уште повеќе проблеми – никој не се збогатил преку ноќ. Сите потези мора да ви бидат поткрепени со здрава доза на самодоверба за да успеете во намерата, но сѐ што правите мора да го правите со внимание и воздржаност, особено во овој период. Никој не знае подобро од вас што е најдобро за вас. 

РИБИ

Во текот на овој период, ќе се фокусирате на луѓето и на врските, од лични, преку платонски, па сѐ до професионални. Ќе сфатите дека треба да ги подобрите вештините на комуникација со другите луѓе ако сакате да успеете. Ќе треба да бидете остроумни и внимателни за да го препознаете потенцијалот или заканите за вашата благосостојба, односно напредок. Можно е ништо да не се случи, но многу е подобро да бидете подготвени за сите можни исходи, отколку да бидете фатени на изненадување. Од друга страна, периодот ви носи многу грижа и споделување, добра дружба и зближување со саканите личности во вашиот живот. Акцентот ќе биде почесто ставен на „ние“ отколку на „јас“. Ова ќе биде особено хаотично време за оние што работат со клиенти.