Изострено перо // Викенд интермецо
Како настанал евергринот „Чија си“ ?
Музиката
е компонирана во 1969 година во Битола, а текстот и аранжманот се создадени
подоцна во Скопје. Славе Димитров напишал композиција, но без име која стоела
во фиока две години. Еден ден му ја отсвирил на Благој Стефановски кој е автор
на текстот.
Песната првпат јавно е објавена на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 71“. Изведена е во две верзии, првата во вокална интерпретација на Димитров, а втората во интерпретација на Крунослав Кичо Слабинац. Била наградена со втора награда од публиката.