ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

Добивај вести на Viber

Замислете земја во која викендот трае три дена, а работниците уживаат во рамнотежа помеѓу работата и животот додека заработуваат високи плати. Не, ова не е бајка - тоа е Исланд!

Оваа нордиска земја е пионер во спроведувањето на четиридневната работна недела, а резултатите се импресивни. Исланд стана глобален пример за подобрување на работните услови, зголемување на продуктивноста и обезбедување поголема слобода на вработените. Дознајте како е можно да работите помалку и да живеете подобро.

Работна недела во Исланд Исланд стана една од првите земји што масовно тестираше четиридневна работна недела пред неколку години. Овој пилот проект, кој започна во 2015 година, опфати околу 1 процент од работната сила. Вработените работеа четири дена во неделата, но сепак ја задржаа целосната плата. По серија студии, кои покажаа дека вработените се генерално попродуктивни и посреќни, Исланд одлучи да го прошири овој модел.

Помеѓу 2020 и 2022 година, 51 отсто од работниците во Исланд прифатиле понуди за пократко работно време, вклучително и четиридневна работна недела, открија два истражувачки центри, истакнувајќи дека оваа бројка веројатно ќе биде уште поголема денес.

Подетално читајте на Фактор, тука.