Вики Миљковиќ лек барала во црква и молитва: Лекарите не можеле да ѝ помогнат

Добивај вести на Viber

Здравствената состојба на Вики Миљковиќ многу ја загрижува

Вики Миљковиќ се грижи за своето здравје и редовно оди на лекарски прегледи. Колку е постара, толку е поодговорна кон себе, но некои мислат дека знае да претера. Причината за нејзината претпазливост е многу оправдана бидејќи и двајцата нејзини родители починале од рак, па превентивните прегледи се најдобрата заштита од проблеми. Иако здравјето на Вики Миљковиќ е добро, пејачката е на штрек.

– Порано Вики не внимаваше толку на своето здравје, никогаш не размислуваше негативно, но неодамна стана параноична, стана хипохондрик. Постојано прави некои анализи, и добро се чувствува, сето тоа е превентивно. Таа се труди да живее здрав живот, но темпото што ѝ го наметнува работата понекогаш тешко се помирува со здрав живот - вели извор близок на пејачката.

Изворот тврди дека здравствената состојба на Вики Миљковиќ е совршена и бидејќи таа целосно се променила, се свртела кон религијата, не размислува за глупости. Вели дека лекарите не можеле да ѝ помогнат и да ја убедат дека не треба толку да се грижи, туку молитвата, верата и нејзиниот свештеник.

- Порано се нервираше за секоја глупост, но сега се труди да не размислува за работи на кои не може да влијае и не може да ги промени. Како што и самата има признаено во неколку наврати, таа е кукавица кога се во прашање какви било процедури, па затоа е полесно да се спречи отколку да се лекува.

- Сопругот секогаш ја поддржува во се‘, дури и во навиката редовно да се проверува, бидејќи знае дека тоа е одговорно однесување. Сепак, многу е важно да се избегне стресот и да се одржи доброто расположение, бидејќи на тој начин се зајакнува имунитетот, кој е клучен за превенција и од најтешките болести.


Фото: Youtube - screenshoot