Викторија Бекам во магични хеланки кои прикриваат килограми: Прават стомакот да изгледа рамен, половината потесна (ФОТО)
Британската дизајнерка Викторија Бекам е свој најдобар модел, па често носи парчиња од своите колекции, но овој пат се одлучи за поинаков изглед, нетипичен за неа.
Викторија Бекам им се придружи на својата ќерка Харпер Севен и сопругот Дејвид пред неколку дена на трибините на стадионот на Флорида „Форт Лодердејл“, каде што семејството Бекам го следеше фудбалскиот натпревар помеѓу Интер од Мајами и Чикаго Фајр.
Патем, Дејвид е еден од сопствениците на клубот од Мајами и негов сегашен претседател, па Викторија и Харпер всушност го посетија поранешниот спортист на работа.
Со оглед на тоа што беше жесток застапник на модниот минимализам во последните години, не е изненадување што Викторија натпреварот го следеше облечена исклучително едноставно, од глава до петици во црно.
Носеше црна маица и црни хеланки, а на изгледот додаде елеганција со помош на лакирани салонки со вртоглаво високи и тенки потпетици. Сепак, оваа ненаметлива комбинација не е баш обична - дел од неа се хеланки од пролетната колекција на Викторија за 2021 година, кои се многу практичен модел. Хеланките се длабоки, стегнати во пределот на половината со корсет што овозможува стомакот да изгледа порамен, додека на страната се вметнува лента која се спушта надолу по нозете и визуелно ги прави потенки. Под нозете има растеглив ремен што се влече преку стапалата, во стилот на панталони како што се носеа во седумдесеттите години на минатиот век.
Ова е, патем, вистинско освежување за стилот на Викторија, бидејќи е позната по тоа што претпочита многу долги широки панталони што покриваат чевли и се далеку поелегантни.
фото:PROFIMEDIA
извор:GLOSSY