ВИКТОРИЈА ЛОБА НА ПРОМОЦИЈАТА НА ДУЕТОТ СО ТАЈЗИ: Еднаш неделно правам пилинг на цело тело
Поп-пејачката Викторија Лоба и раперот Тајзи, сношти го промовираа првиот дует, песната која за нив ја напиша Роберт Билбилов, „Каде сме ние“. На промоцијата, како поддршка дојдоа многу нивни колеги и пријатели.
„Песната е напишана на 8 декември, денот кога мојот син Давид наполни десет години. Тој не беше во Македонија и не можев да славам со него. Затоа ја викнав Вики кај мене во студио и ѝ реков дека имам нешто за неа. Песната едноставно излезе“, рече Билбилов на промоцијата на песната и на спотот чиј режисер е Даниел Јовески.
„Измешани ми се чувствата, многу сум радосна. Затоа се што сакам да кажам си запишав во телефонот“.- Викторија и Тајзи
Тајзи додаде дека се надева оти со овој дует, Лоба и тој ќе ја разбудат заспаната македонска естрада. Тој најави дека работи на нов албум кој наскоро ќе го промовира. „Измешани ми се чувствата, многу сум радосна. Затоа се што сакам да кажам си запишав во телефонот“, рече Викторија. По промоцијата, таа за Женски магазин, откри дел од нејзините ритуали за убавина.
„Еднаш во неделата правам пилинг на целото тело. По тој ритуал, чувствувам дека кожата ми сјае.“- Викторија Лоба сношти на промоцијата
„Еднаш во неделата правам пилинг на целото тело. Пилингот го обновува колагенот и го одржува квалитетот на кожата. По тој ритуал, чувствувам дека кожата ми сјае. Ете, тоа е нешто што редовно го правам, една од моите тајни“, ни изјави пејачката. На прашањата за љубовниот живот, таа одговори општо.
„Среќна ме прават сите луѓе кои ги сакам, тие ми го разубавуваат животот. Тоа е за мене љубов“, ни рече Лоба.
„Песната настана на роденденот на мојот син Давид“.- Авторот Роберт Билбилов со Лоба и со Тајзи
За новата песна „Каде сме ние“, Викторија вели дека со Тајзи ја споил Роберт Билбилов. „Песната бараше машки артист, а Тајзи и јас одлично се надополнивме, како Јинг и Јанг. Тајзи ми дојде како кец на десетка“, додаде таа. Лоба најави дека наскоро ќе промовира уште една нова песна и спот, а летово, за нејзината публика ќе го промовира новиот албум.
Милица Џаровска