Вип успешна приказна: Од мал дуќан, охридски Тамаро стаса до 10 маркети и извоз за Австралија

Добивај вести на Viber

Во дуќан од само 15 квадратни метри, но со идеја и визија – семејството Шутески пред 21 година почнало мал семеен бизнис. Трговската компанија Тамаро, сега е препознатлива во Охрид, ама не само таму - моментно поседува десет маркети, има 200 вработени и е фирма извозник. Дел од производите се пласираат на пазарот во Австралија, за што тимот е посебено горд. Шутески и во 1997, кога почнувале, знаеле што прават, но сега се сигурни оти посветеноста е клучна за успехот.

Генералниот директор Климент Србиноски за работата говори отворено, па признава оти имале и некои пречки. Вели дека прилагодувањето не застанало никогаш.


„Растот на компанијата е детерминиран од динамичниот живот на луѓето, а Тамаро во чекор со современото живеење одговара на потребите и на потрошувачите на големо и на потрошувачите на мало. Во таа насока е развојот на дистрибутивна мрежа, не само во Охрид, туку и пошироко, отворањето на Анабелла пекара и кујна, а од пред неколку години, на наше задоволство остваривме соработка и извоз во Австралија, вели Србиновски.

Од десет маркети, девет се во Охрид, еден е во Струга. Србиноски вели дека си дозволува да е нескромен оти во време кога пазарот е се помал, а конкуренцијата се поголема тие неуморно работат на унапредување на продажбата.

„Ги цениме и сакаме да ги задоволиме потребите на потрошувачите. Сметаме дека сме едни од најдобрите на пазарот во овој регион, иако Охрид е место каде се потенцираат сезонските варијации на продажбата. Сепак мора да се потенцира дека во периодот на постоење на Тамаро маркетите имало и некои предизвици. На почетокот купувачите имаа поголема финансиска моќ, а ограничена понуда на добра на пазарот. Со тек на време продавачите ја зголемуваа понудата, но опадна финансиската моќ во периодот на транзиција, за сега да се соочиме со значително намален број на потрошувачи, вели тој.


Над 200 вработени моментно работат во оваа компанија. Сопствениците не се откажуваат да вработуваат и нови луѓе оти компанијата е во постојан раст. Србиноски вели дека имаат и нови проекти кои чекаат на реализација. Во компанијата се промовира концепт на постојана соработка, вработените и менаџментот се ист тим. За најдобрите секогаш има и награди. Клучен предизвик сега е да се постигне баланс  меѓу високите цени диктирани од увозниците и нискиот стандард на домашните потрошувачи од друга страна. Србиноски сепак вели дека се надева оти во иднина јазот ќе биде помал поради растот на животниот стандард.

Дел од тоа секако го носи и новото време. Комуникацијата со вработените ја олеснува дигитализацијата, па сите функционираат добро и внатре и со надворешните соработници.


„Користењето на услугите што ги нудат телекомуникациските компании е неопходно. Поради обемот на документација, протокот на информациите многу е важно да е брз за ефикасно работење. Користењето на социјалните мрежи многу го олеснува информирањето на купувачите за секојдневните акции кои се дел од политиката на компанијата. Задоволни сме од услугите кои ги користиме од компанијата Вип со која соработуваме, вели Србиноски.

Во време на значајни предизвици дома, оваа фирма е позитивен пример. Имаат ентузијазам и растат.

Александра Томиќ