Здравје // Совети
ВИРУСОЛОГОТ ШЕКЛЕР СУРОВО ИСКРЕН: Да е вакцината 200 евра сите ќе „фаќаат врски“ да ја примат, а да не ја платат
Српскиот вирусолог и микробиолог д-р Миланко Шеклер смета дека вакцината против корона вирусот би требало да се плаќа и тогаш, како што изјави, сите би се „тркале“ да ја добијат бесплатно“.
Во гостување на ТВ Прва, д-р Шеклер истакна дека се залага за вакцината да се плаќа, но не да биде задолжителна.
Коментирајќи ја задолжителната вакцинација, Шеклер рече дека не ја поддржува таа опција.
- Јас сум против вакцинацијата да биде задолжителна, реков дека не треба да биде бесплатна. Бесплатна треба да биде само за оние кои треба да имаат посебни привилегии, војската, милицијата, здравството, образованието...нека биде бесплатно за нив, изјави српскиот вирусолог.
Повеќе на Фактор.мкФото: Printscreen