Виски изданието на the GENTLEMEN’S EXPO ’19 ги воодушеви посетителите

Добивај вести на Viber

Второто издание на the GENTLEMEN’S EXPO ’19 “whiskey edition” во организација на агенцијата за настани Боттега Евенти, кое се случи во Skopje Marriott Hotel ги воодушеви посетителите иминатиот викенд – петок и сабота.

“Концептот на настанот е осмислен многу добро и е организиран по високи европски стандарди” – изјавија некои од посетиелите.

 “Очекував дека на Gentlemen’s EXPO ќе се појават оние “самонаречени” џентлмени, но на expo-то природно се селектираше навистина фина публика” – изјави еден посетител.

“Првиот the Gentlemen’s EXPO беше добар, но овој беше оганизиран една класа повисоко” – изјавија организаторите.

Особено внимание привлече организираната дегустација на преку 20 видови на виски и сингл малтови изведена на унифицрани светлосни пултови. Ова сосема ново искуство ги собра на едно место најголемите виски увозници во земјава, кои на едукативен презентеркски начин ги претставуваа своите вискија од различно потекло на секој посетиел – дегустатор. Ваков тип на организирана дегустација би требало да ја подигне виски културата кај нас на едно повисоко ниво.

Изложувачите на домашни и глобални брендови се презентираа на навистина интерактивен начин и понудија “свежи” производи од повеќе области од интерес на мажите.

Целосната програма: музичкиот дел, интерактивните штандови, дегустацијата на виски, посебно организираните Мастер Класови, хуманитарната аукција “Џентлмените враќаат назад”, наградните игри на изложувачите, тест возењето на хибридни возила, перформансот “Gentlemen’s square” - собир на “скоцкани” џентлмени, винил џубоксот, консултациите за машко здравје, работилницата по мечување и многу други атракции го заокружија второто издание на the Gentlemen’s EXPO ’19 “whiskey edition”. 

Се гледаме на следното “BASIC” издание на the Gentlemen’s EXPO”!