Вистина за жените кои “не работат“

Добивај вести на Viber

Во овој период од годината резултатите кои ќе ги постигнете ќе направат да се чувствувате горди.Вашиот успех нема да им се допадне на другите и ќе се обидат да ви застанат на патот.Март е добар месец за преговори.

Уморна од секојдневните фрази „што правиш по цел ден“, жена од Флорида, одлучила да напише статус на Фејсбук посветен на жените кои се предодредила да служат на децата и домот.

Објавата експлодира. Статусот доби преку 640.000 лајкови, а е споделен повеќе од 300.000 пати. Можеби ви се чини дека е преголема бројката но тоа не е доволно. Овој текст би требало да го прочитаат сите луѓе низ светот така што мајките би добиле почит за жртвата што ја прават за семејството и децата.

Сепак, има и луѓе кои не се сложуваат со нејзиниот статус. Некои мајки кои се вработени ја искритикуваа Castleberry „Постоиме и ние, кои и работиме и се грижиме за домот и децата“.Castleberry се одбрани со изјавата „Сите мајки кои работата или татковци или било, треба да ја прочитаат пораката која ја содржи текстот и да ги заменат зборовите со нивни зборови кои се вклопуваат во нивните ситуации“.

Сѐ започна со замислена ситуација во која еден маж се жали на психологот дека неговата сопруга не работи.

Мојата сопруга не работи

Мојата сопруга не работи!!!

Разговор помеѓу мажот (М) и психологот (П)

П: Со што се занимавате господине Rogers?

M: Работам како сметководител во банка.

П: А вашата сопруга?

М: Таа не работи, домаќинка е.

П: Кој спрема ручек за вашето семејство?

М: Мојата сопруга бидејќи таа не работи.

П: Во колку часот наутро станува вашата сопруга?

М: Станува рано затоа што мора да се организира. Го спрема ручекот за децата. Се грижи за нивниот изглед. После појадокот им помага при перење на забите, им помага при подготовката за училишниот прибор. Наутро се буди со нашето бебе на кое треба да му смени пелени и да го облече. Додека го дои бебето го спрема појадокот за сите нас. Пописот на задачи кои таа ги извршува не запира тука…

П: Како одат вашите деца на училиште?

М: Мојата сопруга ги вози бидејќи не работи.

П: Штом ќе ги остави во училиште што прави вашата сопруга после тоа?

М: Најчесто смислува што треба да заврши во текот на денот, па оди во банка да плаќа сметки, па по продавници си бебето. Понекогаш заборава да купи нешто, па заедно со бебето се враќа во град. Кога ќе се врати дома, го пресоблекува бебето, му подготвува оброк, го дои и го успива. Додека бебето спие, таа го подготвува ручекот, пере, пегла, ја чисти куќата. Ама знаете, таа не работи.

П: А вие кога дојдете дома, што правите?

М: Се одмарам нормално по напорниот ден поминат на работа.

Чекајте, а што се случува навечер?

П: Што работи вашата сопруга навечер?

М: Ја подготвува вечерата, ја поставува масата. После тоа, ги мие садовите, ја средува кујната, а остатоците од храната ги дава на нашето куче. Им помага на децата со домашните задачи, а потоа ги облекува во пижами, им помага при перењето заби и на крајот ги успива. Го бања бебето, го пресоблекува и го успива. И тогаш се одмара, не мора рано да стане, не оди на работа.

Ова е дневна рутина на многу мајки во светот, започнува наутро, а завршува во доцните ноќни часови. И за тоа некој ќе рече „она не работи“?

За домаќинките не постои диплома, ама е клучна улога во семејниот живот.

Сакајте и ценете ги своите жени, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки… Затоа што нивната жртва е непроценлива.

Потоа Ryshell напиша список на занимања кои ги имаат мајките…

Еднаш некој ја прашал: Ти работиш или си домаќинка?

Таа одговорила: Јас работам како мајка дома, 24 часа дневно.

Јас сум мајка,

Јас сум жена,

Јас сум ќерка,

Јас сум аларм,

Јас сум готвачка,

Јас сум слугинка,

Јас сум мајсторица,

Јас сум келнерка,

Јас сум дадилка,

Јас сум медицинска сестра,

Јас сум физички работник,

Јас сум заштитник,

Јас сум советник,

Јас сум утешител,

Јас немам годишен одмор,

Јас немам дозвола за болест,

Јас немам слободен ден,

Јас работам и ден и ноќ,

Јас сум нон-стоп на должност,

Јас не примам плата…

„Жената е како солта“

Ама сепак често ја слушам реченицата „Што работиш по цел ден?“

Жената е како солта, нејзината присутност не се чувствува, но нејзиното отсуство остава се без вкус.

Пратете го овој текст на сите прекрасни жени кои ги имате во вашиот живот.