Вистината за клиторисот: Не е направен само за уживање

Долго време се сметаше дека клиторисот е единствениот човечки орган кој е направен исклучително за задоволство.

Неодамнешно истражување откри дека клиторисот игра важна улога во репродукцијата, активирајќи низа мозочни функции кај жената, кои прават оптимални услови за зачнување, пренесува „Гардијан“.

Некои од тие функции го пдообруваат вагиналниот проток на крв и ја појачуваат влажноста што го прави сексот подобар и ѝ овозможува на спермата полесно да стигне до јајниците.

Исто така, може да предизвика и раст на температурата на женскиот репродуктивен состав чувајќи го семето здраво на неговиот пат до јајниците. Но она што е најважно е дека поттикнува промена на положбата на матката. Цервиксоѕ е мал канал кој се наоѓа на врвот на вагината. Во текот на сексуалниот однос, вагината ќе се издолжи, а наведената промена спречува спермата пребрзо да влезе во матката, вели докторот Рој Левин од Шефилд за „Дејли Мејл“.

- Често повторуваната мантра, дека единствена функција на клиторисот е да предизвика сексуално задоволство, сега е неточна. Овој концепт го менува ваквото сексуално мислење, а физиолошките докази сега се очигледни- вели докторот.