Витамин Д, железо и калциум во детската исхрана - што треба родителите да знаат?
Исхраната има клучна
улога во човековото здравје, особено кај децата е најважниот фактор за нивен
правилен раст и развој. Децата, уште од најрана возраст мора да консумираат
храна богата со хранливи материи, витамини и минерали со цел правилно
функционирање на целиот организам. Тоа што е потребно родителите да го знаат е
дека децата треба да ги внесуваат главните хранливи материи како протеини,
јаглехидрати, незаситени масти, витамини и минерали во соодветна количина.
Јаглехидратите го даваат најголемиот дел од енергијата потребна за функција на организмот. Поради тоа што се во постојано движење, растење и учење, на децата им е неопходно да им биде обезбедена здрава исхрана со цел задоволување на нивните дневни енергетски потреби. Јаглехидрати има во лебот и житарките, кои претставуваат основен извор на енергија. Покрај овие хранливи материи, децата мора да внесуваат и потребно количество витамини и минерали. Витаминот Д, железото и калциумот се задолжителни во секоја здрава и балансирана исхрана. Калциумот е потребен за цврсти коски и здрави заби. Витаминот Д кај децата е потребен за силен имунолошки систем, а железото за транспорт на кислород во телото, како и нормален когнитивен развој.
Тости лебот на парчиња од Жито Лукс е детски леб збогатен со витамин Д, железо и калциум. Лебот Тости има вкус на путер и ванила, што го прави уште попримамлив за децата и ги има потребните хранливи материи, неопходни за развој на детскиот организам.
Со консумирање 4 парчиња од Тости, децата внесуваат над 30% од дневниот препорачан внес на калциум, железо и витамин Д.
ПР објава