„Вива ла Вида чаши у вис, живели!“ - ZeeBomb и Matej Foltz нѐ повикуваат на забава и уживање
„Вива ла
Вида чаши у вис, живели!“ е главната порака во новиот музички спот „Оаза“ на
ZeeBomb и Matej Foltz, во кој овие млади и талентирани музичари нѐ повикуваат
да ја кренеме чашата во вис и да уживаме во секој момент од животот.
„А кога светлата се гасат у оаза од бетон, на тераса бројам ѕвезди, згради у хоризонт, и додека цел град спие, имам цела ноќ. Сањам будно, изгледа затоа и немам сон. Вива ла Вида чаши у вис, живели!“ е дел од текстот во овој спот кој е вистинско освежување овие денови на македонскиот музичкиот етер.
„Вива Фреш“ како подкатегорија на брендот „Вива“ кој инспирира и
кој е симбол за млади, оптимизам и свежина ги поддржа овие млади музичари, со
цел да ја направи нивната музика многу повидлива, а нивните пораки да стигнат
до што повеќе луѓе.
„Вива“ е бренд со кој растеме и ги споделуваме најубавите моменти, а веќе три децении е незаменливо освежување за многу генерации. Долги години е дел од животните приказни на луѓето од Македонија, активен поддржувач на многу настани од областа на музиката и спортот, бренд кој сака да им даде шанса на младите, ветувачки артисти да се истакнат преку нивната музика. Да ги поттикне да продолжат да сонуваат, да се надеваат и да создаваат квалитет, сигурни дека има кој да застане зад нив.“, изјавија од маркетинг тимот на компанијата ВИВАКС.
„Музиката е таа која има моќ да допре до душата и да нѐ прошета низ времето и просторот. Да нѐ спои со различни луѓе да нѐ направи среќни, да нѐ растажи, да ни помогне да ги искажеме емоциите. Не можеме да го замислиме животот без музика! Иако велат дека добрата музика сама го наоѓа патот до публиката, сепак денес тоа е многу тешко. И токму затоа поддршката од бренд како „Вива“ за нас е нешто бесценето, и сме многу благодарни.“, изјавија младите музичари Naste и Shishka од ZeeBomb и Matej Foltz.
Долгогодишниот раст и развој на компанијата ВИВАКС во голем дел се должи на иновативните пристапи и концепти во работењето и маркетингшките активности, како и на широкото портфолио на производи со врвен квалитет наменети за различни целни групи.
Компанијата и понатаму ќе продолжи да поддржува многу општествено-одговорни проекти и да инспирира оптимизам, среќа и дружење зошто успехот пред сѐ се должи на довербата и љубовта кои ги добива од сите свои потрошувачи.
ПР објава