Владо Јаневски проговори за љубовниот живот

Еден од најпопуларните македонски пејачи и автори, Владо Јаневски, неодамна призна дека во последно време сѐ поретко излегува и дека повеќе сака да седи дома.

- Се повлеков, убаво ми е, и љубовниот живот сосема го запоставив. Немам девојка, не се вљубив, не се оженив и нема да се женам до крајот на животот. Јас не сум како Џорџ Клуни. Тој рече дека никогаш веќе нема да се жени, но не го одржа ветувањето. Јас ќе го одржам моето - изјави Владо минатата година за „Женски магазин“.