Владо Јаневски: Убавината може да допре и без холивудска пластика

Добивај вести на Viber

Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„АЈДЕ ВОДИ МЕ“ (ВЛАДО ЈАНЕВСКИ)

Оригиналната верзија ја сними пред десет години на српски јазик во дует со Тијана Дапчевиќ. Текстот е негово дело, музиката ја напиша Момчило Бајагиќ-Бајага, снимател и продуцент е Валентино Скендеровски, а аранжманот е на Никша Братош. Во 2016 години Јаневски песната ја препеа на македонски и ја освежи со нова видеоприказна реализирана во соработка со „Томато продукција“

- „Ајде води ме“ е доказ дека летна весела нумера може одлично да звучи и на македонски. Можеме да пееме, плачеме и да се радуваме на мајчин јазик. Имаме европски спот и нема да се посрамотиме каде и да се емитува. Видеото е доказ дека убавината може да допре и без холивудска пластика која ни се сервира секојдневно и затоа ѝ благодарам на Ана Коцева која ја толкува главната улога. Како и обично ме нема и во овој спот. И тоа е најмалку важно. Многу мои песни дури и немале видеозаписи, а биле хитови - порача Владо на промоцијата.