Влатко Илиевски: Миленик на децата, обожуван од колегите

Добивај вести на Viber

Штотуку починатиот македонски пејач Влатко Илевски кој со години беше водител на најпознатиот детски фестивал „Златно славејче“, во 2011-та ја претставуваше Македонија во Германија на Евросонг со песната „Русинка“, беше миленик на сите генерации. Секогаш со својата музика се трудеше да допре до сечија душа, а неговиот ведар дух беше обожуван и од колегите. Во 2011-та успеа да ја наполни салата „Борис Трајковски“, нешто што во тоа време тешко и успеваше на останатиот дел од естрадата.

Неговите колеги тешко се простија од него преку своите Фејсбук профили.

Тамара Тодевска беше една од неговите долгогодишни пријателки, со кои го имаат снимено дуетот „ Гушни ме“ . Ова е нејзиниот потресен статус:

- Друже мој најсакан. Ми го скрши срцето. Не те ни гушнав за роденден. Нека ти е светол патот. Се надевам дека ти е сега подобро. Ќе ми фалиш цел живот. Те сака твоја Тами. Почивај во мир сино око мое.


Весна Петрушевска, познатата актерка, вчера ја имала последната комуникација со Влатко:

- Што направи бејб? Да знаев само дека вчера ова ќе биде последно од тебе..ми се сврте во умот 


 
Слаткар, кој беше автор на евровизиската песна „Русинка“ , исто така изрази сочувство:

-Македонија изгуби голем уметник, човек и пријател. Почивај во мир.


Пејачката Нина Јанева со неверување сподели:

- Другар... Зошто вака? Зошто? Роденден ти честитав пред 3 дена...
Летај високо на крилјата на рокенролот... Не можам да поверувам...


Тијана Дапчевиќ, исто така изрази жалење за прерано починатиот пејач:

- Патувај кон светлината мирно, мило дете мое.. многу ќе ни фалиш.


Утрово македонската јавност ја шокираше веста за смртта на еден од најпознатите македонски пејачи Влатко Илиевски. 33- годишниот рокер кој со години беше дел од групата „Морал“ бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, потврдуваат од МВР.