Вложувај балансирано со Стопанска Банка а.д.Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје
Следејќи ги динамичните финансиски трендови, Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје креираа нов комбиниран производ – Инвестициски депозит во кои ги интегрираа сигурноста и инвестициите. Инвестицискиот депозит е прв производ од овој тип на пазарот кој е креиран за да излезе во пресрет и да ги задоволи специфичните потребите на потрошувачите и воедно да понуди дополнителна вредност на нивната инвестиција. Во услови кога финансискиот пазар се соочува со намалување на каматните стапки на депозитите, Инвестицискиот депозит на Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје кој претставува комбинација од депозит и вложување во инвестициски фонд им нуди единствена, премиум каматна стапка на клиентите.
Максималниот износ на овој депозит е 10.000 евра или соодветна денарска противвредност, а рокот на орочување е 36 месеци со најконкурентна фиксна каматна стапка од 3,5% на годишно ниво за денарски депозити или 2,4% за депозити во евро валута (фиксна каматна стапка на влогот на банката +1% годишно бонус на камата на депонираниот влог). Половина од средствата клиентот ги орочува во Банката како депозит, а со другата половина од средствата купува удели во фондот Генерали Топ Брендови, кој е управуван од страна на Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје.
,, Соработката на два големи, силни и препознатливи брендови како што се Стопанска банка а.д. Битола која на пазарот постои и успешно работи повеќе од 70 години и Генерали Инвестментс АД Скопје како докажан лидер во обезбедувањето на професионални услуги за управување со средства носи новитет и свежина на финансискиот пазар во земјава и нуди сигурност, избор и пред се значајни предности и добивка за оние кои сакаат да ги инвестираат своите средства’’ – велат од Стопанска банка а.д. Битола
Генерали Топ Брендови е глобално ориентиран фонд со акцент на “Blue Chip” компании. Фондот инвестира во акции на компании кои управуваат со најсилните брендови во светот. Ова е вистински избор за вложувачи кои преферираат стабилен и сигурен раст на сопствениот влог. Неговата суштина е во флексибилноста, што значи приспособување кон условите на пазарот. Генерали Топ Брендови е комбинација од сигурност и профитабилност.
Вложувај балансирано со Стопанска Банка а.д.Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје!