Внимавајте: Од предолго седење пред телевизор може да добиете тромб
Повеќечасовното гледање на телевизија може да биде опасно за вашето здравје, па докторите предупредуваат дека луѓето кои го прават тоа треба да си најдат друго хоби.
Причина за крвното згрутчување кое настанува во вените на нозете, често е поврзано со повеќечасовно седење.
Може да предизвика и смрт
Тој може да влијае на циркулацијата на белите дробови. Тогаш доаѓа до белодробна емоболија, состојба кога згрутчувањето ги спречува белите дробови да земаат кислород кој им е потребен. Тоа може да ги оштети и да биде смртоносно. Исто така тромбот може да настане и во артериите и да отиде до мозокот, а последица може да биде мозочниот удар.
И физички активните луѓе може да се разболат
Истражување во кое учествувале многу луѓе кои биле следени 24 години, е поврзано со повеќечасовно гледање на телевизија и појава на венски тромбоемболизам.
Водачот на истражувањето вели дека штетното влијание на повеќечасовно седење пред ТВ или компјутер останува непроменето дури ако личноста се движи во текот на денот.
Препознајте ги симптомите
Добро е да ги знаете шесте знаци кои укажуваат на тромб, бидејќи може да бидат многу слаби, па додека да отидете на доктор може да биде предоцна.
Оток на еден екстремитет
Отечената нога или рака е најчест знак за тромб. Крвното згрутчување го блокира нормалниот проток на крвта во нозете, па се крвта се држи околу тромбот предизвикувајќи отоци.
Краток здив
Крвното згртчување во белите дробови го успорува текот на кислородот и кога нивото на кислород е ниско, срцето се обидува да го компензира со забрзување на работата. Ако почувствувате треперење во градите и имате проблем да дишете длабоко, можеби вашето тело испраќа предупредување дека имате згрутчување на крвта во белите дробови.
Болка во градите
Кога ќе се појави болка во градите, луѓето помислуваат на срцев удар, но тоа може да биде и симптом на белодробна емболија. И двете состојби имаат слични симптоми, но болката кај белодробната емболија е поостра и се зголемува со длабоко вдишување.
Болка во рацете или нозете
Симптоми за тромб обично се оток или црвенило, но има и исклучоци. За жал, болката предизвикана од згрутчувањето на крвта лесно се заменува со грч во мускулите поради што често не е дијагностицирана и може да предизвика опасни последици.
Црвени ленти на кожата
Иако е точно дека дури и модринки се еден вид згрутчување на крвта, ова не е причина за паника. Модриците ја менуваат бојата, а во случај на тромб обично е само црвена, во ленти, каде што се вените.
Постојана кашлица
Ако не можете да престанете да кашлате, а имате краток здив, висок пулс или болка во градите може да биде белодробна емболија.