Во брак се три години, родени се на ист ден и си личат, а потоа дознале дека се братучеди: Парот откри дека останува во брак и покрај крвната врска
Парот открил дека се братучеди неколку години откако се
венчале. Откритието не им било лесно, а еве што одлучиле кога станува збор за нивната врска
Ник и Тајл го споделија своето откритие во видео што го споделија на TikTok. Двојката рече дека откриле дека се братучеди три години откако се венчале.
- Во брак сме повеќе од три години и само што дознавме дека сме братучеди. Би сакале да се шегуваме, но вистина е.
Но, ова не се единствените чудни факти за парот. Тие велат дека го делат истиот роденден и луѓето често им велат дека си личат.
Нивните следбеници, а и пошироко на социјалните мрежи останаа шокирани кога парот објави дека меѓу нив постои семејна врска. А видеото стана вирално и е прегледано преку 5,6 милиони пати.
Многумина пишуваа колку ова е морничаво и чудно и колку се шокирани, но Ник и Тајлер открија дека сепак ќе бидат заедно. Двојката одговори на коментатор кој праша дали се‘ уште се во брак откако дознале дека се во роднинска врска.
- Навистина многу размислувавме, беше тешко, но нашиот одговор е „да“.
Луѓето уште еднаш беа шокирани од откривањето на парот. Еден корисник заклучи:
- Значи, ќе имате деца заедно.
- Морничаво, додаде уште еден.
Двојката допрва треба да открие како дошле до откритието или точно како се крвно поврзани.
Фото и Видео: ТикТок
Извор: The Sun