Во ек на здравствена криза: Медицински сестри со две децении искуство седат без работа

Додека Македонија се бори со пандемијата на коронавирусот, медицински сестри со долги години искуство седат дома без работа.

Претседателката на ЗМТАС, Гордана Бешлиовска вели дека пред пандемијата во земјава имало над 40 медицински сестри кои имале повеќе од 20 години искуство, а кои останале без работа откако концесионерските амбуланти каде работеле се затвориле по различни основни. Станува збор за сестри од Скопје, Битола, Кичево, Кочани, но и други градови. Вели дека сестрите во оваа состојба би биле добредојдени во здравствените установи и треба да бидат искористени со нивното знаење и искуство.

„Тие поминале образование и пракса каква што секој може да посака. Можеби некои од нив не би можеле да работат сменски, но секоја сестра е добредојдена. Период на адаптација ви треба за многу работи, но тој период ќе биде краткотраен. Тие веќе многу виделе, многу сработиле, а ние работиме со најдрагоценото нешто, човечкото здравје“, вели Бешлиовска.

Дали според неа ротацијата трајно ќе ја спаси ситуацијата, но и што мисли за висината на платите на медицинските сестри, прочитајте на фактор.мк

Фото: Фактор.мк