Во кој македонски манастир течат изворите на Света Среда, Света Петка и Света Недела: Имаат исцелителни способности
Кнежинскиот Mанастир претставува манастирски комплекс во областа Копачка, западно од градот Кичево на оддалеченост од 5 км. од градот, во непосредна близина на селото Кнежино. Посветен е на Свети Ѓорѓи Победоносец.
Манастирот се наоѓа на падините на планината Бистра, на надморска височина од над 900 метри. Пределот е богат со вегетација, со букова и дабова шума, притоа некои од дрвјата се со повеќе вековна старост. Манастирот е опкружен со прекрасна природа и тишина и претставува вистинско место за молитвено себепредавање и благоугодно служење на Бога.
Во манастирскиот двор се наоѓаат две чешми низ кои протекува изворска вода, која народот ја смета за лековита. Во непосредна близина на манастирот, по кратко пешачење се доаѓа до уште два извори од кои тече Света и лековита вода. Но, во сушните временски прилики, некои од нив пресушуваат. Трите извори се посветени на Света Среда, Света Петка и Света Недела. Водата се верува дека има исцелителни способности, а студената вода која тече од нив е како мелем за душата.
Голем број верници доаѓаат на ова место да си наполнат вода, да вкусат дел од божествената креација од изворот на верата. Водата дава живот, а Светата вода ја поткрепува верата, затоа овој манастир е посветен на Свети Ѓорѓи Победоносец, кој во христијанскиот свет е познат како светител кој ги исцелува болестите, ги заштитува луѓето и стоката, воскреснува покојници, чудотворец.