Во неа нема ниту грам зло: Познат музичар откри која е најдобара личност меѓу пејачките
Вики Миљковиќ е една од ретките пејачки која со децении
избегнува конфликти со колегите. Таа е секогаш пријатна и насмеана во јавноста,
а многумина мислеа дека често има лажна насмевка, но вистината за ВикиМиљковиќ не можеше долго да се
крие.
Рок музичарот Ѓорѓе Давид, кој со години е заедно со Виолета во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, откри дека пејачката е повеќе од она што и се претставува на јавноста.
– Вики Миљковиќ! Луѓе, таа е најдобриот човек на сцената што го знам. Не сум сретнал човек во оваа работа што нема ниту грам зло, завист, суета...
-Ако некој во животот ми помогнал толку во текот на четири-пет години колку што сум во жирито со неговите совети, време, смирувајќи го мојот вознемирен дух, тоа е Вики Миљковиќ. Бескрајно сум ѝ благодарен – изјави неодамна рокерот.
Вики е една од оние која покрај бројните пријателства, меѓу колегите има стекнато и бројни кумови. Една од нејзините куми е Цеца Ражнатовиќ, со која Миљковиќ е пријател од детството.
-Се знаеме од детството, ја сакавме музиката, татко ѝ беше многу посветен, како и моите родители - изјави Цеца.
- Татко ми и мајката на Цеца учеа заедно – рече во една пилика Вики.
-Најдовме двете заедно „момчиња“, па се венчавме - се пошегува Цеца во една прилика зборувајќи за кумството со Виолета.
Фото: Youtube - screenshoot