Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“
Оваа
недела (09.05.2024), ќе
се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10 км“ на која ќе учествуваат 1653
натпреварувачи од 16 земји. Стартот на трката ќе биде во 09:00 часот на булевар
„Илинден“ во близина на Фонтана „Лотос“ и на истото место ќе биде и целта на
трката. Ќе се трчаат 10 километри по булевар „Илинден“ , Ул.
Никола Парапунов и по дел од булевар „Партизански одреди“.
Во периодот од 09:00 часот до 11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на целата патека.
Церемонијата на доделување награди ќе започне по завршување на трката. На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени со вкупен награден фонд од 160.000 денари и дополнителни вредносни награди. Пехари ќе добијат и најдобо рангираните во старосни категории и најбрзите пријавени екипи.
Стартните броеви ќе може да се подигнат од СЦ Јане Сандански на 10 -11 мај од 11-18 часот.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.
Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.
ПР објава