Во петтата деценија јаде сѐ што ќе ѝ дојде при рака, а изгледа двојно помладо: Еве ја тајната на совршената линија на пејачката Весна Ѓогани

Добивај вести на Viber

Без разлика дали сте љубител на нејзината музика или не, секој што ја гледа мора да е обожавател на нејзините извајана линија и витко тело, а еве како Весна Ѓогани се храни и го одржува својот физички изглед

Иако веќе зачекори во петтата деценија и е на прагот на 42-рата година, пејачката и танчерка Весна Ѓогани може да застане на иста страна со двојно помладите девојки по физички изглед.

Имено, нејзината тежина е идеална, а телото ѝ е затегнато, многумина би рекле дека изгледа совршено. Еве што вели таа за тоа како го прави тоа и кој или што е одговорно за нејзиниот изглед.

View this post on Instagram

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)


Весна тврди дека за нејзината неверојатна фигура е заслужна физичката активност, повеќе од диетата и дека постепено го вовела тренингот во својата рутина. Со текот на времето, тренингот стана нејзин начин на живот.

- Прво почнав со два тренинзи во текот на неделата, бидејќи пред тоа не тренирав ништо. Подоцна додадовме три тренинзи неделно и со тоа трениравме сѐ понапорно и понапорно. Сакам да кажам дека физичката активност е многу важна. Здравото тело и тренингот се неопходни. Секој треба да се слуша себеси, своето тело и своите потреби - вели Весна, која не ја корегирала исхраната.

- Ако ми се јаде нешто калорично, ќе го јадам во тој момент и ќе се каам подоцна. Само поради работата не можам да пијам газиран пијалок, поради гласот. Јадам грицки, сѐ и сешто. Кога ќе видам дека се предозирав, дозирам одредени намирници и готово - вели Ѓогани,

Извор: stil.kurir.rs