Во вакво издание ја немате видено: Дани Димитровска непрепознатлива (ФОТО)

Нејзината појава скоро секогаш е пропратена со восхит. Едноставно зрачи, и со убавина и со стил. За Дани Димитровска времето како да застанало. Иако со различен имиџ, пејачката и денес изгледа одлично како на почетокот од кариерата, внимателна е со деталите, никогаш нема кај неа претерана голотија, а авангардниот - рок стил ѝ одговара совршено.

Дани често експериментира со нејзината коса, од боја, па сѐ до должина, начин на стилизирање, но со кратка коса дефинитвно ја немавме видено.

Сега Дани, за рубриката „прашања/одговори“ на Инстаграм, постави фотографија со кратка коса на која изгледа речиси непрепознатливо.

Кратка коса со шишки убаво ѝ прилега, мора да признаеме!

(ФОТО) Каква била пејачката Дани Димитровска како невеста: Нежна со црвена коса