(ФОТО) Каква била пејачката Дани Димитровска како невеста: Нежна со црвена коса
За Дани Димитровска времето како да застанало. Иако со различен имиџ, пејачката и денес изгледа одлично како на почетокот од кариерата, кога на „Макфест“ во 1999 година ја испеа песната „Само ти ми требаш“. Во тоа време, Дани беше во брак со Јоцо, со кого го имаат 18. годишниот син Лазар.
На оваа фотографија, ви откриваме каква била Дани како невеста, на крајот од деведесетите. За својот поранешен сопруг, таа претходно изјави дека ѝ бил најдобар другар, се знаеле од деца, и живееле во иста населба. Се разделиле кога и двајцата сфатиле дека подобро им оди како пријатели.
„ Син ми има речиси 18 години. Игра кошарка, добар е со електронски уреди и се труди да свири гитара. На мојата. Не сака своја. Убаво ми е така иако го карам што ја зима. Разговор помеѓу умот и срцето“, раскажа Дани за синот во претходно интервју за Женски магазин. Во истото интервју, таа откри дека има партнер, за кој кусо рече дека е прекрасен.
* Забрането е превземање на фотографии без дозвола на медиумот